Македонија не обезбеди пласман во финалето на Евровизија, која се одржува во Малме, Шведска. Есма и Влатко Лозановски ја претставија Македонија со песната „Пред да се раздени“.
Од второто полуфинале пласман во финалната вечер обезбедија Азербејџан, Финска, Малта, Исланд, Грција, Ерменија, Унгарија, Норвешка, Грузија и Романија.
За прв пат оваа година, на финалната вечер нема да настапи ниту една од земјите од поранешна Југославија.
Финалето на Евросонгот ќе се одржи во сабота на 18 мај.