Невреме во Кина одзеде најмалку 53 животи

По обилните врнежи од дожд во Кина, најмалку 53 лица погинаа, додека пак голем број се водат како исчезнати.

Обилните врнежи освен поплави предизвикаа и лизгање на земјиштето во одредени области. Реките го надминаа максималното ниво, a реката Беижијанг ги предизвика најголемите поплави забележани во изминатиот век.