Со цел остварување на заедничките интереси на сите граѓани, Општина Охрид ги известува обврзниците на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност и обврзниците на комуналната такса за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места дека се должни согласно законските прописи, до општинската администрација да ја достават потребната документација за добивање ОДОБРЕНИЕ за поставување урбана опрема на просторот пред деловните простории за вршење на дејност односно ОДОБРЕНИЕ за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места.
Доколку истите не пристапат кон исполнувањето на законските обврски во предвидениот рок, Општина Охрид ќе ги преземе сите потребни мерки согласно законските прописи.