Во последното коло од италијанската Серија А, Рома го совлада Наполи со 2:1, а нашиот репрезентативец Горан Пандев заработи сериозна повреда уште на почетокот на натпреварот, во 7 минута.
По денешните лекарски прегледи, констатирана е повреда на десниот зглоб, со што Пандев ќе паузира 2 недели.
Поради оваа повреда неизвесен е настапот на капитенот на македонската репрезентација на двете пријателски средби, против Шведска на 3-ти јуни и против Норвешка на 11-ти јуни.
WebOhrid