Годинава најдобрите фолк изведувачи на „Фолк фест Спасовден“ 2013

Традиционално по трет пат, на 13-ти јуни ќе се одржи фестивалот на Народни препејани песни, Фолк фест Спасовден 2013. Новост е тоа што половина песни ќе бидат новокомпонирани и се разбира секоја песна го има задржано чистиот македонски звук.

На фестивалот оваа година ќе земат учество и фолк изведувачи кои за првпат ќе настапуваат како што се: Наум Петрески, Анета и Молика, Евто Пупиновски, Сузана Гавазова, Чуле и Дрим тим, Новица Василевски, Татјана Лазаревска, Елена Јовчевска, Дарко Билбиловски, Сања Петковска, Јуле, Елена и др. Тука се и учесници кои по втор или трет пат земаат учество како Даниела Темелковска, Анета Наковска, Тања Јовановска, Маестрал, Фаворити, Гашо и др. Вкупно за овој Фестивал пријавени се над 50 изведувачи, а ќе настапат 30 изведувачи.

Фестивалот се одржува на фудбалскиот стадион населба Лескоец. На фестивалот секоја година присуствува многубројна публика. Оваа година Фестивалот ќе го отвори градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. После фестивалот организирана е заедничка забава со учесниците во еден од Охридските хотели. Покровител на Фолк фест Спасовден оваа година е Општина Охрид. Фолк фест Спасовден ќе се емитува на Австралиската Сателитска телевизија ИНТВ која неодамна се гледа ширум Европа, ТВ Сонце и 13 локални Македонски телевизии. Овој фестивал важи за најемитуван Фестивал по телевизиите ширум Македонија.