Зголемен бројот на склучени бракови и живородени деца

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2013 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 1.7% и изнесува 5 397 живородени деца.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2013 година бележи намалување од 13.8 % во споредба со истото тримесечје од 2012 година и изнесува 4 974 лице, а од нив 46 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 423 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица. 

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 5.9 % во споредба со истиот период од 2012 година и изнесува 2 893 бракови. 

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување во споредба со истиот период од 2012 година и нивниот број изнесува 573.