Најмладите спортисти се запознаваат со фудбалската игра

Денес на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ се одржа „Грасрут“ настан, кој го организира Фудбалската федерација на Македонија, а главен покровител е Општина Охрид.

„Грасрут“ настанот кој во Охрид се одржува за прв пат, го отвори секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески кој им посака напредок и успех на младите спортисти.

„Спортот е одличен повод за дружење, спортскиот дух ги сплотува младите и им дава елан и енергија. Вашата желба за успех оди во насока на се поголема промоција и унапредување на спорот во нашиот Охрид“, – истакна секретарот Спасески.

На „главниот“ терен на „Билјанини Извори“ ќе продефилираат околу 130 дечиња.

Учесниците ги очекуваат многу изненадувања и дружење, а меѓу гостите ќе бидат селекторите од помладите категории.