„Танц на планетите“ – видлив со голо око

Трите најблиски планети до Земјата, од 24 мај па до крајот на месецот ќе направат интересна кореографија на небото која, како што изјавуваат астрономите ќе биде видлива и со голо око.

Меркур, Јупитер и Венера ќе се најдат во исто видно поле, а набљудувачите ќе имаат впечаток дека планетите вртат една околу друга, појава која ќе се повтори дури во 2026 година.

Овој „танц“ ќе може да се види на небото во правец запад-северозапад, веднаш по заоѓањето на Сонцето.

Венера и Јупитер, најсјајните планети кои се видливи од Земјата, често можат да се видат на небото, во текот на ноќта. Меркур е потежок за пронаоѓање, бидејќи светлината која ја емитува е пригушена.