Света архиерејска литургија по повод Св. Кирил и Методиј

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 24 мај 2013 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Кирил и Методиј“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.