Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела “Злоупотреба на службена положба и овластување“, „Фалсификување службена исправа“ и „Примање награда за противзаконито влијание“, секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Д.П.(58) од Охрид. Со пријавата е опфатено и лицето К.П.(59) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службена положба и овластување.“
Пријавениот Д.П. во својство на в.д. директор на јавното претпријатие „Градски гробишта“ во Охрид, во текот на февруари 2011 година, во вршење на службеното дејствие кое морало да се изврши, со искористување на службената положба и овластување побарал и примил подарок односно материјална корист од сопственикот на правното лице „Ивире“ од Охрид во висина од 64.153 денари. Тоа е направено по потпишување на договорот за закуп на ресторанот во состав на градските гробишта склучен со „Ивире“ за периодот од први јануари 2011 година до 24-ти Ноември 2012 година по што сопственикот на правниот субјект „Ивире“ ја уплатил наведената сума пари во рибниот ресторант „Охридска пастрмка“ како да купил 254,38 килограми риба охридска пастрмка, а всушност парите биле наменети за покривање на долговите на овој ресторан на пријавениот Д.П. по основ на користење на услуги за деловни и приватни ручеци. Во текот на 2011 година, пријавениот Д.П. спротивно на статутот на јавното претпријатие „Градски гробишта“ со „Ивире“ склучил анекс договор на основниот договор за закуп на ресторанот поврзан со изградба на две септички јами и го намалил износот на годишна закупнина од 15.600 на 11.520 евра. Тоа го направил без да спроведе постапка за набавка на услуга според законот за јавни набавки и без одлука на управниот одбор на јавното претпријатие нанесувајќи му штета од 600.000,оо денари.
Во Мај 2011 година, пријавениот Д.П. во службен акт внел невистинити податоци и со свој потпис и службен печат заверил документ за закуп. Тоа го направил без да спроведе постапка и спротивно на закон изготвил договор за закуп на ресторантот во состав на градските гробишта со правниот субјект „Ивире“. Со тоа, без одлука на управниот одбор на „Ивире“ му ветил правно стопанисување со ресторантот за време од 5 години. Со таквите свои дејствија пријавениот Д.П. влијаел да се намали годишниот закуп за ресторантот од 3.600 евра за што од сопственикот на „Ивире“ прибавил директна корист од 900 евра.
Второ пријавениот К.П. во текот на 2012 година во својство на в.д. директор на јавното претпријатие „Градски гробишта“ постапил спротивно на законот за јавни набавки и со правниот субјект „Ивире“ склучил договор за годишен закуп на ресторантот кај градските гробишта во износ од 12.000 евра. Тоа го направил без да да спроведе отвотрена постапка за што бил обврзан.