Специфичната и атрактивна понуда на Охрид презентирана во Италија

Општина Охрид во соработка со охридските занаетчии имаше успешна промоција во градот Исео- Република Италија. Охрид беше промовиран со промотивни материјали, како и со високреативните охридски производи од рачна изработка.

Покрај бројните активности и средби, Делегацијата на Општина Охрид во рамките на Проектот “Фестивал на Езерата” на штанд успеја да ја претстави специфичната и атрактивна понуда на Охрид. Тоа беше и една од целите на овој Проект, секој од учесниците (околу 30 езера од Италија и 5 од Европа, меѓу кои и Охрид)- да се претстави со своите  специфики.

Фестивалот во Исео- Р. Италија кој се одржува по 4 пат, помина во убава атмосфера, надополнета со традиционални костими, традиционална храна, разновидна програма и музика.

ItalijaOhrid02 ItalijaOhrid03 ItalijaOhrid04