На маргините на 10-та Конференција на претседатели на парламенти на ПСИЈЕ, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, оствари средба со г-дин Јосип Леко, Претседател на хрватското Собрание.
На средбата беше потенцирана потребата од поголема афирмација на охридското природно и културно наследство, а разгледани беа и можностите за продлабочување на соработката меѓу Охрид со градови од Република Хрватска.
„Понатамошната соработка во областа на туризмот како и можностите за заеднички настап за аплицирање и остварувањето на голем број европски проекти во рамките на Програмата на Европската Унија ќе претставува директна придобивка за граѓаните на општина Охрид“, – истакна градоначалникот Бакрачески.
Хрватската делегација изрази воодушевување од природата и убавините кои ги има Охрид и најави интензивирање на контактите, зашто Охрид навистина има што да понуди.