Одблокирана сметката на ООУ „Григор Прличев“

После опсежните анализи на случувањата во рамките на образовниот систем Локалната самоуправа дојде до заклучок дека образовните институции во Охрид имаат сериозни проблеми кои не им овозможуваат да се посветат на основната дејност, а тоа е  максимално посветување на на наставниот процес.

„Не случајно ОУ „Григор Прличев“ е одбрано да биде земено за официјален почеток за овие наши активности од единствена причина што ова училиште практично беше во најнезавидна положба, имаше блокирана сметка, а  со интервенција на Локалната самоуправа е одблокирана и од денес  може непречено да работи во согласност со сите законски прописи“, – истакна секретарот Димитар Спасески.

Дел од средствата кои се на располагање во Локалната самоуправа се насочени кон плаќање на комуналните трошоци пред се плаќање на електричната енергија во училиштата на територијата на општина Охрид.

Тенденција е Локална самоуправа во соработка со општинските училишта  да им овозможи на најмладите наставни програми по Европски терк, во насока на подобрување на образованието, а сето тоа ќе се овозможи преку постоење на  соодветни услови за работа на наставниот кадар.