Македонската женска „А“ репрезентацијаја совлада репрезентацијата на Албанија во пријателскиот натпревар кој се одигра во Поградец.
„Натпреварот го добивме со 3:4, полувреме (2:3), головите ги постигнаа Наташа Андонова и еден гол Афродита Салихи. Резултатот се движеше до крај во наша корист, поведовме со 0:3. Во второто полувреме до самиот крај водевме 2:4, но натпреварот заврши со 3:4 конечен резултат. Фудбалерките одиграа многу одговорно, сигурно и тимски. Во играта учествуваа 14 девојки. Од мене и мојот стручен штаб сите девојки имаат честитки, почнувајќи од Андонова, завршувајќи до младата голманка Олгица.“ – изјави селекторот Димовски.