Преку пријателски однос до драгоцено искуство

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и Директорот на националната репрезентација, Петар Милошевски на официјалната средба со раководството на Фудбалската асоцијација на Шведска во пријателски разговор ја потенцираа добрата соработка меѓу двете федерации, зборуваа за стратешките проекти на на асоцијациите, тековните мундијалски квалификации и шансите на Македонија да оствари позитивен резултат вечерва против Шведска во Малме. Претседателот на шведската фудбалска асоцијација, Карл-Ерик Нилсон потенцираше дека е големо задоволството што Македонија гостува во Малме.

„Ова е начин да ја продлабочиме соработката со нашите пријатели од Македонија. Се надевам дека искуството од меѓусебната соработка ќе им биде од корист на двете федерации“, изјави Претседателот на асоцијацијата на Шведска, Нилсон.

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓооски зборуваше за проектите кои се во фокусот на нашиот сојуз. Потенцираше дека на македонската федерација, како релативно мала институција во однос на Шведска и е неопходно искуството и помошта од големите федерации.

„Поддршката која Македонија ја добива од условно, големите членки на УЕФА и ФИФА за нас е од исклучително значење. Се надевам дека резултатите од успешното менаџирање ќе ги реализираме на најдобар начин“, изјави Ѓорѓиоски.

Двата „табора“ се убедени дека вечерва ќе гледаат добар натпревар. Претседателот на шведската асоцијација Карл-Ерик Никсон е поранешен фудбалски судија. Низ насмевка коментираше дека пријателските натпревари се „благодарни“ за делење правда. Ѓорѓиоски се потсети на времето минато во Шведска, како фудбалски интернационалец со успехнастапуваше во дресот на Малме.