Вчера (02.06.) припадниците на Единицата „алфа“ го лоцираа и приведоа А.Г. (32) од Скопје кој беше баран по наредба на Основен суд Скопје 1- Скопје. Лицето беше приведено во ресторанот „Панорама“ во село Волково во 01:00 часот а потоа е прадеден во ПС Кисела Вода.
Инаку, А.Г. е првоосомничен во случајот со т.н. мини фабрика за производство на марихуана откриена во магацински простор во скопската населба Драчево во декември 2011 година. Како што МВР тогаш ја информираше јавноста во магацинскиот простор беа откриени 1000 садници канабис сатива, односно марихуана, распоредени во 24 реда а просторот беше опремен со системи за наводнување, вентилација, греење и прихранување на растенијата.