Москва на европските авиокомпании им побара да достават податоци за патниците, во спротивно се соочуваат со можна забрана за влез во рускиот воздушен простор.
Брисел е загрижен поради планот на Москва, од 1-ви јули да воведе нови регулативи кои се однесуваат на размена на податоци за патници.
Европската комисија соопшти дека има неколку недели до истекот на рокот и дека сеуште не добиле никакви нови информации од Москва за новите правила.
Последниот обид на Брисел да добие одговор од Москва било писмото испратено на 15-ти март, на кое не добиле одговор. Европската комисија се обидува да добие мораториум врз спроведувањето на новите руски правила.