Се известуваат сите сопственици на пловните објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас кај „Сараиште“, истите да ги отстранат најдоцна до 9-ти јуни (недела). Доколку тоа не го направат, Комуналната инспекција принудно ќе ги дислоцира, а трошокот и евентуалното оштетување ќе биде на терет на сопствениците.