Се чисти локвањот

Денеска екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ вршат чистење на локалитетот кој претставува обновено живеалиште на жолтиот локвањ, во областа Мазија на кејот од Охридското Езеро.

Подигнати се  3 м³ трска, како и комунален отпад во кој најзастапена е пластиката.

„Апелираме до граѓаните, овој локалитет со раритетниот локвањ треба сите заедно да го заштитиме покажувајќи поголема еколошка свест“. – истакнуваат од Ј.П. „Охридски Комуналец“.

Ваквите акции не се опфатени со редовните активности, туку припаѓаат во вонредните активности од Програмата за работа за 2013 година и се извршуваат по претходно добиен налог од Комуналната инспекција.

CistenjeLokvanj2WebOhrid