СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ч.(47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, за што од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
На 8-ми февруари минатата година, кај пријавениот пронајдено е огнено оружје пиштол марка „Берета“ и оквир со 10 куршуми. Исто така при претрес во неговиот дом беа пронајдени една рачна бомба и 309 парчиња муниција различен калибар.