Шведска 1:0 Македонија

Репрезентацијата на Македонија беше поразена во пријателскиот натпревар на гости против Шведска. Шведска одигра солидно, доминираше во текот на целиот натпревар, создаде повеќе шанси, но на крајот да победи со минимални 1:0.

Голот го постигна Качаниклиќ во 39 минута по асистенцијата на Златан Ибрахимовиќ.

Нашата репрезентација беше ослабната со неиграње на повеќе стандардни фудбалери, но сепак ова беше еден добар тест, по кој нашиот селектор ќе има подобар увид на одредени позиции на теренот.

Следниот пријателски натпревар се игра во вторник 11-ти јуни во Осло, против Норвешка.

WebOhrid