Од денес започна првата фаза од програмата за асфалтирање на градските улици. Екипите на градежната компанија „Гранит“, започнаа со теренските подготовки на улиците „Радојца Новичич“, „Петрино“, „Богомилска“, „Крум Точков“ и крак од „Васил Стефоски“, на кои во теков на неделава ќе биде поставен нов асфалт, а на некои и партерно ќе се интервенира.
Најнапред ќе се асфалтира улицата „Радојца Новичич“ во целата должина, за веднаш потоа да се прејде на асфалтирање на улицата „Петрино“. Се очекува градежните активности да завршат до крајот на месец јуни.