Општина Охрид го раскина договорот за паркинзите во централното градско подрачје

Општина Охрид го раскина договорот за паркирање, согласно заклучокот на Советот на Oпштина Охрид, со кој што беа опфатени улиците во централното градско подрачје.

„Градоначалникот Бакрачески денеска со писмено известување до закупецот на просторот се обрати, односно го извести дека Oпштина Охрид ќе пристапи кон раскинување на договорот за закуп. Всушност градоначалникот само го спроведува заклучокот кој беше донесен на седницата на 10 мај. Со ова Oпштина Охрид смета дека закупецот не ги исполнил обврските од договорот и го раскинува договорот за закуп, тоа се однесува на централното градско подрачје, односно на Ул.Македонски просветители, од пресекот со Бул.Туристичка до крајот на таа улица, вклучувајќи го кружниот тек со 162 паркинг места и ул.Партизанска, ул.Кузман Јосифоски Питу до пресекот до кеј Маршал Тито вклучувајќи го и паркинг просторот кај хотелот Ривиера со 99 паркинг места“. – изјави портпаролот на Општина Охрид Томе Џамтоски.

Како што истакна портпаролот Џамтоски од Локалната самоуправа се надеваат дека целата постапка ќе заврши за брзо време за како што рече пред се во интерес на граѓаните на општина Охрид.

WebOhrid