Русија сака Стивен Сигал да биде заштитно лице на нејзината индустрија за оружје, а целта да биде водечко место на светскиот пазар за оружје.
Заменикот премиер Дмитри Рогозин истакна дека ѕвездата на акционите филмови може да ја предводи меѓународната маркетингшка компанија за промоција на фабриката Дегтарев, пренесуваат руските агенции. Тој и Сигал, заедно ја посетиле фабриката.
Русите се големи симпатизери на Стивен Сигал кој во март се запозна со претседателот Владимир Путин.