Градоначалникот Бакрачески го посети ОУ „Христо Узунов“

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески денеска оствари средба со в.д. директорот на ОУ „Христо Узунов“ Тони Симоновски. На средбата градоначалникот се запозна со наставата, проблемите со кои се соочува училиштето и како да се надминат истите, како и стана збор за тоа во каква финансиска состојба се наоѓа ова училиште.

„Имавме можност да се запознаеме со наставата на ова училиште, меѓутоа и да се запознаеме со основните проблеми,препреки со кои што ова основно училиште наидува во текот на работењето. Разговаравме со в.д директорот на ова училиште околу можностите за надминување на тие проблеми кои во текот на една учебна година им се попречуваат на патот за нивните успешни програмски определби.Имав можност да се запознам со финансиската состојба на ова училиште за множностите како да ги надминиме финансиските проблеми во иднина.Се запознав со успесите на ова училиште кои што ги доби во текот на оваа година на локално, на регионално и на реплубичко ниво што е за поздравување“. – изјави градоначалникот Бакрачески.

Како што истакна Бакрачески со почетокот на наредната школска година се планира реконструкција и санација на дел од училиштето.

„Се надеваме дека до крајот на оваа година ќе имаме можност да добиеме средства од Светска банка за реконструкција на поголем број на училишта во Охрид, во кој што се планираме да влезе и училиштето Христо Узунов“. – додаде Бакрачески.

В.д. директорот на ОУ „Христо Узунов“ Тони Симоновски за време на средбата со градоначалникот за најгорлив проблем ја посочи промената на прозорците и вратите на ова училиште. 

„Се надевам дека во иднина ќе имаме поголем дел на разновидни средства, еве со помош на Локалната самоуправа нешто и ние реновираме, односно поправаме во однос на досегашното работење на училиштето. Со помош на Локалната самоуправа ги исплативме некои долгови како што се за електричната енергија, а секако долговите за нафта се дури и до неколку милиони. Со градоначалникот разговаравме дека најгорлив проблем е промената на  прозорците и вратите на нашето училиште што секако се дополнителни трошоци во грејната сезона, да се зголеми енергетската ефикасност, па потоа и покривот да се промени во иднина“. – истакна Симоновски.

WebOhrid