Само два дена по одбивањето на барањето да повлече 2,7 милиони стари модели на „џипови“, Крајслер се одлучи да повлече вкупно 630 илјади возила.
Крајслер ќе повлече повеќе од 409 илјади возила од моделот „џип патриот“ и мали возила „компас“, произведени помеѓу 2010 и 2012 година, поради проблеми со воздушните перничиња и сигурносните појаси.
Крајслер исто така ќе повлече и 221 илјади модели од „џипот вранглерс“ од 2012 и 2013 година како би го поправил менувачот поради течење на масло.