Првенство во бокс во спортската сала Билјанини Извори

На ден 08.06.2013 (сабота) година со почеток во 14:00 часот во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе се одржи првенство во бокс под покровителство на охридскиот боксерски клуб.

Боксерскиот клуб „Охрид“ пред своите гледачи ќе се претстави со четири боксери и тоа Димитар Јованоски (64 килограми јуниори), Сашо Лескароски (64 кг сениори), Бојан Ристевски (69 кг) и Илче Јоноски (91 кг).

Ј.П. „Билјанини Извори“ ги повикува сите љубители на спортот да го посетат овој настан.