Поради шверцот со цигари ЕУ губи 10 милијарди евра годишно

Секоја година, земјите од Европската унија губат околу 10 милијарди евра поради шверцот со цигари. Тутунските компании дополнително заработуваат од продажбата на цигари во сивата зона.

И покрај тоа што Европската унија направи договори со повеќе водечки производители, каде тие се должни да пријават колку цигари и каде се испорачуваат, сепак овие договори се избегнуваат. Проблемот лежи во тоа што повеќето производители имаат филијали во земјите од источна Европа и во Азија, каде е особено тешко да се контролира количината на произведени цигари.

ЕУ ќе се обиде преку трговски договори да ја засили контролата на производство на цигари, а исто така ја засили контролата во пристаништата кои имаат право на бесцарински увоз и извоз, како и во зоната за слободна трговија во самата Европска унија.