Дански двокатен автобус удри во мост во Минхен

Двокатен автобус кој превезувал ученици од Данска удри во мал железнички мост во Минхен. Повредени се 40 лица од кои едно лице се здобило со тешки повреди.

За време на ударот во мостот оштетен е горниот дел од автобусот, а според пожарникарите од Минхен, возачот најверојатно не го видел знакот на кој пишува дека под мостот може да поминат само возила со висина до 3,4 метри.

Портпаролката на полицијата Александра Шмајц изјави дека учениците на возраст од 16 до 19 години се сместени во болница, а една 17 годишна ученичка добила тешки повреди на главата и ’рбетот. За оваа несреќа известен е и Данскиот конзулат во Минхен.