Делегација на охридскиот СОНК во работна посета на Србија

За  време на викендот, на 7 и 8 јуни  2013 година, делегација на  синдикални лидери од Охридскиот регион  на СОНК  отпатуваа  во  градот Лесковац, (Србија) на  возвратно работна посета на српскиот синдикат  за образование. Во регионалниот центар на Српскиот Синдикат за Образование беше потпишана  Спогодба за соработка меѓу двата регионални синдиката , а со тоа  и за соработка меѓу СОНК од македонска  страна и СОС (Синдикат  на Образованието на  Србија) од српска страна.

Охридските синдикални лидери  срдечно  и на високо официјално ниво беа  пречекани  во  Лесковац  каде имаа прилика  да посетат некои училишта и да се запознаат со синдикалните прашања и решенија на ниво на регионот Лесковац. Од средбата со повеќето лидери , како и од директорите на училиштата  беа истакнати прашања и проблеми в со какви се среќаваме и ние во македонското образование. Оттука и разменетите искуства ќе можат да помогнат во поефикасно решение на проблемите – беше  речено  на  средбите и  дебатирањата  меѓу  македонските и српските синдикалци. Токму затоа и со таква цел  беше потпишана Спогодбата со која и двата синдиката  ќе ги поттикнува на  зеднички подготвени и подобрени решенија од областа на образованието. Дел од проблемите  кои  се  речиси истоветни  и во двете држави и во двата региона се истиот стандард и  позиција на просветниот работник,  речиси истите плати (350 – 450 евра), мобингот  како  постојан проблем  кој треба да се реши согласно законските ордредби, како и  политичките влиајнија во  образовните  установи и  односот на  работодавците (директорите) кон вработените и кон ангажираните работници  со договор на дело. Секако и  на овие средби стана збор за  екстерното оценување на наставниците  за кое  е потребно да се изнајде компромисно решение меѓу министерствата и  синдикатите.

Значајно е  да се напомене дека  чинот на свеченото  потпишување на билатералната  Спогодба беше  реализирано пред повеќе од триста просветни работници од  Лесковац, Белград, Нови сад и од  други градови на Србија   при што  охридските синдикални лидери  имаа завидно  добредојде , а од домаќините и организаторите на  масовниот синдикален собир, нашите синдикалци имаа  дводневно срдечно внимание. Како  потврда за тоа беа  неколкуте нивни предлози и пораки до охридските  гости   збратимувања   на некое  од охридските  со соодветно  училиште од Лесковац  или од друг  српски град. Ваквите идеи, предлози и пораки, рекоа  охридските лидери – ќе бидат пренесени од синдикалните лидери  до синдикалните организации и до директорите на  охридските училишта   кои  заеднички ќе  ги разгледаат  и ќе дадат  конечен заклучок и препорака за  можно збратимување. 

Синдикалната  делегација  од Охрид, во рамките на ова гостување  имаше  чест да  се сретне и со видните членови на Заедницата на Македонците кои живеат и работат  во Лесковац и во Србија. Притоа  тие беа запознати со  актуелности во општествено-политичкиот живот  и економскиот, а особено  во образовниот  живот во Македонија, а од своја страна  тие   презентираа свои  активности  и  потешкотии во живеењето. Македонците во Лесковац имаат специјална емисија на македонски јазик  која се емитува  еднаш неделно во рамките на Радио Лесковац, а ни ги  презенитраа и весниците “Ѕуница”  и “Виделина”, во кои е забележителна пораката да се негува  својот јазик  и своите македонски обичаи  и  надвор од татковината.

Дводневната  меѓурегионална синдикална  средба  заврши  со   заедничка  порака и  предлог  следната  посета да биде во Охрид  во октомври, а  во меѓувреме  охридските синдикалци се поканети да учествуваат како гости и на лесковачката “Роштиљијада”  која  традиционалнмо се одржува  на крајот од август и во првите денови од септември.

Очигледно, Спогодбата ќе  придонесе  и  за нови дружења и за нови познанства и искуства  од областа на просветарската професија. До некое следно видување,  низ повеќе фотографии  илустрираме за слученото.

Дим Дон