ЈП „Охридски Комуналец“ освои три пехари на 20-тата „Комуналијада“

Изминатиов викенд во „Еуро Хотел“ Струга се одржа јубилејната 20-та „Комуналијада“ 2013 год.

На овие спортско рекреативни игри кои имаат натпреварувачки карактер учествуваа околу 500 натпреварувачи од комунални претпријатија од Македонија. Со Комуналијадата беа опфатени следните спортски дисциплини: мал фудбал, шах, стрелаштво, куглање, пикадо, влечење јаже, кошарка и пинг-понг, како и работни дисциплини: аранжирање резано свежо цвеќе, миење на јавни површини, изнесување смет и др.

Ј.П. „Охридски Комуналец“ се врати со три освоени пехари и тоа: 

         *   второ место шах  –  жени.

          *   второ место миење на јавни  површини.

          *   второ место изнесување на смет.