Во рамките на вториот меѓународен саем за вино кој се одржа на 7-ми и 8-ми јуни во организација на Оштина Александровац, и оваа година Општина Охрид учествуваше како проект партнер.
На саемот Општина Охрид ја претстави богатата туристичка понуда, квалитетните вина на локалните винарии, како и дел од вкусните и мајсторски приготвени специјалитети на домашните производители на прехранбени производи.
Претставниците на Општина Охрид со претставници на Општина Александровац, разменаа Меморандум за соработка и партнерство, со цел поттикнување на меѓусебната промоција на туризмот и услугите како и унапредување на деловната соработка помеѓу локалните стопанственици.
Вториот ден од саемот беше наменет за посебна промоција на Општина Охрид во рамките на која градот Охрид беше промовиран пред присутните гости. За време на дегустацијата на вината која побуди голем интерес кај гостите на саемот, на билборд беа претставени убавините на нашиот град.
Oд страна на бројните туроператори, туристички агенции и новинари присутни на саемот беше пројавен голем интерес за богатата туристичка понуда како и за квалитетните вина на локалните винарии од Охридскиот регион.