Со решение на градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, од 7 јуни оваа година за вршител на должноста директор на МЈП „Проаква“ назначен е Томе Паскаловски, кој е вработен во ова претпријатие.
Томе Паскаловски ја извршуваше финкцијата директор на ова јавно претпријатие во периодот од 2001 до 2005 година. По професија е дипломиран економист.