Трансфер на Мухамед Демири во Ст. Гален

Македонскиот репрезентативец Мухамед Демири направи трансфер во швајцарскиот тим Сент Гален кој минатата сезона заврши на 3-то место во Швајцарската Супер Лига. Демири претходно беше 4 години во ФК Тун, а по истекувањето на договорот тој се реши да остане во Швајцарија, со тоа што потпиша двегодишен договор со Сент Гален.

27 годишниот Демири моментално се опоравува од повреда, а за Ст.Гален ќе го носи дресот со бројот 32.

WebOhrid