Момците од Лабаво Лавабо, познати по својата креативност и динамичните настапи, го промовираат својот прв сингл!
По големиот успех со преработката на “Niggas in Paris” и одличните реакции на публиката тие повторно изненадуваат со нешто ново, овојпат со нивната прва авторска песна. “Во твојата улица” е најсвежиот производ од работилницата на Лабаво Лавабо и Nipple records, во соработка со Ристо Алчинов (recording, mix, mastering). Како гости во песната се појавуваат Нина Јанева (пратечки вокали) и Кире Бреслиев (труба). Музиката и текстот се дело на фронтменот Бојан Филиповски, додека пак аранжманот е заедничко дело на бендот. Одговорни за видео записот се Nipple records. Со својот прв официјален сингл овие момци отвораат ново поглавје во нивната кариера.