Полициската станица од Струга, против Б.Р.(46) од струшкото село Велешта и В.Р.(41) од Струга поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Разбојништво“.
Пријавените, казненото дело го извршиле со уште едно лице на 11-ти овој месец околу 11 часот во близина на градскиот пазар во Струга. Тука, го забележале лицето Н.Ф.(51) од Струга, го причекале да влезе во своето возило-џип „Даеву“ по што пријавениот Б.Р. застанал од десната страна на возилото и започнал вербална расправија со оштетениот а потоа и вербални закани по неговиот живот. Расправијата била поврзана со наводен паричен долг од друго лице кон таткото на пријавениот за што сведок бил оштетениот Н.Ф.
За кратко време по караницата, до џипот пристигнале второпријавениот В.Р. со уште едно лице за чие пронаоѓање се преземаат дополнителни мерки и активности. Двајцата, физички го нападнале Н.Ф. нанесувајќи му повеќе удари со тупаници во пределот на главата. Оштетениот, обидувајќи да се одбрани успеал да излезе од своето возило и да избега од напаѓачите по што тројцата му го одзеле џипот и заминале од местото.
По брза интервенција на полициските службеници, пронајдени се двете лица како и џипот кој тие бесправно го одзеле. Полициската станица од Струга презема засилени мерки за пронаоѓање и приведување на третото лице учесник во казненото дело. Пријавените Б.Р. и В.Р. се лица познати на службата кои досега се пријавувани како извршители на казнени дела со елементи на насилство.