Во сабота и недела (15 и 16 јуни) во СРЦ Билјанини Извори со почеток во 10:00 часот ќе се одржи „Тренерска Kошаркарска Kлиника“.
Кошаркарската Клиника е во организација на ФИБА и ИОК, а предавања ќе одржат едни од најеминентните имиња во светската кошарка, Жељко Обрадовиќ, Димитриос Итудис и Антон Крумп.
Предавањата во текот на двата дена ќе се одржуваат во период од 10:00 до 15:30 часот.
Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид ги поканува сите љубители на спортот да го посетат овој настан.