Започна асфалтирањето на улиците во општина Охрид

Како што беше најавено и предвидено со програмата на Локалната самоуправа, денес започнаа градежните активности со асфалтирање на улиците во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески, претседателот на Советот Гордана Коњановска, секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески и советници од општинскиот совет, денес ја посетија населбата „Радојца Новичиќ“, каде започнаа градежните активности.

Градоначалникот Бакрачески истакна дека во оваа населба ќе бидат асфалтирани повеќе улици, во вкупна должина од 2300 метри. Веднаш по завршувањето на градежните зафати во оваа населба, активностите со асфалтирање ќе продолжат на улиците “„Богомилска“, „Крум Точко“ и крак од улицата „Васил Стефоски“. Истовремено денес се асфалтира и на улиците „Марко Цепенков“ и „Ристо Чадо“.

Градоначалникот Бакрачески посочи дека досега се интервенирало во санација на ударните дупки на улиците „7 Номври“, „Даме Груев“, „Мите Богоевски“, „Кирил и Методиј“, „Кеј Маршал Тито“, дел од „Гоце Делчев“, населба „Христо Узунов“ „Питу Гули“, „Сирма Војвода“ и улицата „АСНОМ“ во вкупна површина од 750 м², од предвидените 2000 кои ќе бидат завршени до крајот на сезоната.

Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ не го криеја задоволството од преземањата на градоначалникот Бакрачески, со што се исполнуваат ветувањата од изборната програма, за подобрување на инфраструктурата во сите делови на општина Охрид.