Никола Тренески в.д. директор на охридската гимназија

Со Решение на градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, од денес за вршител на должност директор на Општинското Средно Училиште „Св.Климент Охридски“, е  именуван професорот Никола Тренески.

Никола Тренески досега беше професор по географија во истото училиште. Во средното училиште „Св.Климент Охридски“ е вработен од 2001 година, а од 2008 година се стекнал со уверение за положен испит за директор во средно училиште.