Градежните активности на Локалната самоуправа за асфалтирање на улицата „Радојца Новичиќ“ кои беа одложени поради временските услови и на барање на граѓаните на с. Лакочереј, започнуваат денес.
За таа цел, Локалната самоуправа ги информира граѓаните дека од денес па во наредните денови, поради специфичноста и техонолигијата на изведување на градежните работи, улицата ќе биде целосно затворена од 08 до 17 часот. Исто така, ќе бидат поставени и соодветни сообраќајни знаци за пренасочување на сообраќајот.