Италија се соочува со огромен налет на имигранти, а властите само во рок од 12 часа пресретнале дури 400 имигранти, соопштува крајбрежната стража. Во соопштението се наведува дека забележани се и други бродови со имигранти кои се приближуваат до крајбрежјето на Италија.
Вчера, италијанската крајбрежна стража спасила 159 имигранти по потекло од Сирија, Авганистан и Египет, од еден брод на југот од Италија. Меѓу спасените, покрај седум деца, било и едно новороденче кое се родило во бродот.
Поради поволните временски услови, властите стравуваат од зголемен број на имигранти кои преку море се обидуваат да стигнат до Италија.