На 6 јули започнува 52-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2013

Балкански фестивал на народни песни и игри во организација на Националната  установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, од  6 до 11 јули 2013 година ќе го одбележи 52-то годишно реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ најзначајни фолкорни манифестации во светот.

Фестивалот е под покровителство на Собранието на Република Македонија. Програмата е на високо ниво и е подржана од Министерството за култура и пријателите на фестивалот.

Во рамките на фестивалот се одржуваат и изложби кои секогаш биле блиски на ориентацијата на фестивалот.

Во изминативе години на Балканскиот фестивал се презентирани околу 50.000 пејачи, играорци и инструменталисти од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Австрија, Италија, Турција, Кипар, како и од Франција, Шпанија, Холандија, Германија, Русија, Молдавија, Полска, Чешка, Словачка, Белгија, Шведска, Данска, Финска, Велика Британија, Австралија, САД, Канада, Мексико Малезија, Коста Рика, Нигерија и други.

Balkanski Festival, poster 2013 Balkanski Festival, programa 2013