СВР Охрид презеде мерки за откривање на лица со непријавен престој, малолетници без надзор, и лица кои питаат

Согласно одредбите на законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, викендов Секторот за внатрешни работи Охрид презеде плански мерки  за откривање на лица со непријавен престој, лица малолетници без надзор и лица кои се оддаваат на питачење. Воедно, контрола беше извршена и кај приватни станоиздавачи каде непријавени се сместуваат лица од други градови и подрачја. Акцијата имаше и превентивен карактер, а целта беше елиминирање на можностите за кражби и други казнени дела.

Активностите на полициските службеници се спроведоа во соработка со Центарот за социјални грижи при што на подрачјето на Охрид и околината беа затекнати 31 полнолетни и 27 малолетни лица од Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци, Велес и Ресен кои подолго време во централното градско подрачје како и на повеќе други локации во Охрид и Струга вршеле питачење. 

Тие се упатени кон нивните места на живеење по што против нив, СВР Охрид и Центарот за социјални грижи ќе поднесат соодветни пријави. 

Заради целосна безбедност на граѓаните на Охрид и туристите, СВР Охрид и понатака ќе продолжи со примена на овие, но и на сите други законски овластувања.

Pitacenje2