Градоначалникот Трајкоски ги слушна проблемите со кои се соочуваат жителите на Дебрца

Како што беше најавено, денес во Општина Дебрца беше организиран отворен ден за сите жители кои сакаа да остварат средба и да се консултираат со градоначалникот за секојдневните проблеми со кои се соочуваат.

„Еве денес специјално го издвоивме денов за стриктно што помасовно луѓе да дојдат така за да ги слушнам проблемите и да се почне од некаде со нивно реализирање. Почнувајќи од комунални проблеми до борба за егзистенција, значи се и сешто има, така да им ги согледуваме проблемите и сублимираме за да можеме да почнеме да ги решаваме од некаде, да ги насочиме, да се почне од некоја точка“. – изјави за WebOhrid градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски.

Градоначалникот Трајкоски истакна дека освен денешниот отворен ден, тој е секојдневно во постојана комуникација со жителите.

DebrcaOtvorenDen2WebOhrid