Од ноќеска на полноќ горивата ќе се точат по пониска цена. Вака денес одлучи регулаторната комисија за енергетика.
Регулаторите, имајќи го предвид курсот на денарот во однос на доларот и цената на суровата нафта на светските пазари, одлучија да ја намалат цената на горивата за еден денар. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 79,00 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 80,50 денари, а Еуродизел (Д-Е В) 66,50 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 55,50 денари, додека на мазутот ќе чини 40,675 денари.