По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобар расказ.
Конкурсот за најдобар расказ ќе трае до 03.07.2013 година, жири комисијата одлуката ќе ја соопшти на 17 јули, а наградата на добитникот ќе му биде врачена на 13 август на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
К О Н К У Р С З А Н А Ј Д О Б А Р Р А С К А З
Услови за учество на конкурсот:
1. Право на учество на конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија,
2. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци со шифра на авторот без лични податоци на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ,
3. Авторството се докажува со четвртиот примерок,
4. Краен рок за доставување на трудовите е 03.07.2013 година,
5. Жири комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат на 17.07.2013 година,
6. Врачувањето на наградата за најдобар расказ ќе се изврши на 13.08.2013 година на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари