Градоначалникот Никола Бакрачески денеска оствари протоколарна средба со охридскиот муфтија Африм Џелили. На средбата беа разменети мислења за интензивирање на понатамошната соработка со муфтивството во Охрид.
Беше разговарано и за остварувањето на проектите и активностите кои следат во насока на изградба на потребната инфраструктура според муслиманските обичаи за која градоначалникот Бакрачески и претходно изрази подготвеност да излезе во пресрет на граѓаните со муслиманска вероисповед.