Градоначалникот Никола Бакрачески денеска оствари средба со претставници на Здружението за слепи лица и Здружението за глуви и наглуви лица од Охрид.
На средбата градоначалникот Бакрачески ја истакна подготвеноста на Локалната самоуправа да им излегува во пресрет на барањата на оваа категорија на граѓани во зависнот од можностите на Општината.
Во насока на подобрување на соработката и заложбите за поголема вклученост на оваа категорија граѓани во општествените процеси договорено беше претставници на Здруженијата како надворешни членови да учествуваат во одредени тела и комисии каде би се разгледувале и решавале прашања од интерес на слепите и глувите лица.
Градоначалникот Бакрачески најави и одредени бенефиции на слепите и глувите лица во градскиот и приградскиот сообраќај.
Во меѓусебните разговори беше назначено лице – координатор кој ќе биде задолжен за координирање на работите, потребите и барањата на Здруженијата и реализација на истите.
Како што беше најавено ваквите средби ќе станат пракса и ќе се одржуваат во континуитет, а со тоа ќе се зголеми соработката и полесно ќе се решаваат проблемите со кои Здруженијата ќе се соочуваат во текот на нивното работење.