Промоција на летната туристичка сезона – манифестација „ЛЕТО 2013“

Со цел да ги поддржат активностите планирани во склоп на манифестацијата „ЛЕТО 2013“ која ќе се одржи на 6 и 7 јули и утврдување на нивната понуда како и нивно промовирање, денеска претставници на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид одржаа состанок со претставниците на угостителските објекти во Охрид.

„Интенција е сите одлуки кои ги носиме во определена област да бидат да бидат поткрепени со заеднички дискусии и договори со луѓето кои припаѓаат на таа фела. Ова лето сакаме Охрид да почуствува нов импулс во рамките на организирањето на туристичката сезона, па оттука на денешната средба ќе бидат разгледани сите предлози и иницијативи кои ќе бидат доставени од туристичките работници“, – истакна секретарот Димитар Спасески.

Во склоп на „ЛЕТО 2013“ предвидено е и одржување на БЕЛА НОЌ, која ќе се одржи по примерот на светските туристички центри на која градот практично ќе работи 24 часа, туристите ќе имаат можност да проследат концерт на градскиот плоштад, потоа забава со ди џеј, а на повеќе пултови ќе се презентираат специфичностите на градот додека во ноќните часови забавата ќе може да продолжи во угостителските објекти.

„Свесни сме дека оваа година малку задоцнивме со средбите со претставниците на угостителските објекти, сепак како зачеток на една ваква идеја и од ваков концепт и обем мислам дека нема да имаме никаков проблем за реализација особено што конкретно за нејзината реализација потребни сме сите заедно. Ние како Локална самоуправа можеме да ги координираме и да ги иницираме овие активности, но без ваша помош неможеме да ги реализираме,“ – рече Ѓоко Апостолов, претставник од Секторот за туризам и локален економски развој.

На состанокот беа презентирани четирите сегменти од туристичката понуда на општина Охрид и тоа промоција на сегментот на културно наследство, традиција и занаетчиство, промоција на сегментот рурален туризам, промоција на сегментот од туристичката понуда на Охрид- природно наследство, езерски туризам и алтернативни форми на туризам, и промоција на сегментот од туристичката понуда на Охрид хотели, угостители, кафе барови, ноќни клубови, сместувачки капацитети од мал обем туристички агенции и слично и четвртиот во склоп на манифестацијата „ЛЕТО 2013“.

Преку реализација на програмата за манифестацијата „ЛЕТО 2013“ ќе биде извршена промоција на различни сегменти на туризмот, како дел од туристичката понуда на Охрид. Воедно, самиот концепт на проектот, како и медиумската покриеност и кампања ќе овозможи привлекување на туристи, со што ќе се прошири туристичката сезона како од временски, така и од содржински аспект.

Планирано е оваа манифестација за постане традиционална и да се одржува секоја година на почетокот на летната туристичка сезона.

sredbasougostiteli2