Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ секторот за внатрешни работи Охрид, против албанскиот државјанин А.П. (51) поднесе кривична пријава.
На 19-ти овој месец при преглед на патничко моторно возило „Митцубиши“ со албански регистарски ознаки сопственост на пријавениот пронајден е пиштол „Специјал-38“ со пет куршуми во истиот. Дополнително во платнената ташна пронајдени се 7 куршуми и два ножа во футроли.
Пиштолот бил ставен во платнена црна мини ташна во фиока помеѓу двете предни седишта. Оружјето, пријавениот нелегално го чувал во својот дом во Поградец односно не поседувал никаква документација.
При преглед, кај пријавениот А.П. пронајдени се 10.100,оо денари, 900,оо американски долари, 35.700,оо албански леки и 70,оо евра во различни апоени. Парите се одземени за понатамошна постапка и вештачење.
Полициските службеници, запирањето и прегледот врз патничкото моторно возило „Мицубиши“ го извршија на улицата „Коста Абраш“ во центарот на Охрид во 13 часот и 40 минути. Во возилото, покрај пријавениот имаше уште три други лица албански државјани.